Македонија
5. December 2019 - 11:43

Министерство за правда: Одлуката на Уставен за помилувањето веќе не е битна

Извештајот од законодавно правната комисија да не го толкува членот 11 од законот за помилување знали дека одлуката на Уставен суд за помилувањето повеќе не е битна, велат од Министерството за правда.

- Пред Уставен суд е член 11а, а автентичното толкување е за членот 11. Ако Уставен го укине или поништи 11а, тоа нема да има влијание на помилувањата, бидејќи вчера собранието потврди дека тие се невалидни, односно дадени на непостоечки член, и се ништовни од моментот на давање - велат од правда.

 

Катерина Нешкова