Македонија
5. August 2020 - 11:15

Министерство за одбрана: Нашите војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана изразува длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан.

Ве информираме дека припадниците на Армијата на Република Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни  и сигурни.

На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут.

По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат.