Македонија
23. January 2017 - 18:33

Министерство за култура: Демагогијата и празната реторика ја оставаме на Алаѓозовски и СДСМ

Годишната програма на Министерството за култура е донесена согласно законските прописи во Република Македонија, реагира попладнево Министерството за култура по изјавата на претседателот на партиската Комисија за култура на СДСМ Роберт Алаѓозовски.

- Демагогијата и празната реторика ја оставаме на Алаѓозовски и СДСМ за кои чувствуваме потреба да потсетиме дека парламентарните избори во земјава се завршени, а мнозинството граѓани ја дадоа својата доверба за политичката опција на која повеќе и веруваат, стои во реакцијата.

Министерството за култура наведува дека како и досега, останува силно посветено на успешна реализација на Програмата