Loading Video...
Свет
15. November 2018 - 17:20

Министерски оставки во владата на Меј по најавениот договор за Брегзит

Неколкумина британски министри поднесоа оставки , во знак на протест против договорот на премиерката Меј со Брисел за Брегзитот. Министерот за Брегзит Доминик Раб прв го напушти кабинетот на Меј.Според него договорот е закана за интегритетот на Обединетите Кралство.  Оставките  уследија во рок од само неколку часа отккао премиерката   пред Даунинг стрит 10 соошти дека обезбедила поддршка од владата за договоорот напишан на речиси 600 страници. Премиерката сега треба да ја добие поддршка и во  Парлементот
- Изборот е јасен. Можеме да излеземе без договор, можеме да ризикување воопшто да нема Брегзит или можеме да избереме да се обединиме и да го поддржиме најдобриот дооговор кој може да се постигне, изјави Тереза Меј пред пратенците. 
 Доклку се тече според планот,Европскиот  самит  за формализирање  и финализирање на договорот за излегувањето на  Велика Британија од европксиот клуб  ќе  се одржи на 25 ноември, изјави  претседателот на Европскиот совет  Туск.