Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ - Западен Балкан
Република Северна Македонија денеска и утре ќе биде земја-домаќин на „Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан“, кој ќе се одржи во националното Собрание под покровителство на Финското претседателство со Советот на Европската Унија.
Како што соопштија од МВР, земјите членки на ЕУ ќе бидат претставени од страна на министрите за правда и за внатрешни работи на Република Финска, високи претставници од Сојузна Република Германија и Република Хрватска, релевантните ЕУ комесари за правда, потрошувачи и родова еднаквост и за миграции, внатрешни работи и државјанство, Вера Јоурова и Димитрис Аврамопулос, како и други претставници на европските институции.
Првиот ден од конференцијата ќе биде посветен на секторот правда, вториот на секторот внатрешни работи. Комесарката за правда Јоурова, како што јави дописничката МИА од Брисел, денеска ќе учествува на состанокот на кој ќе се дискутира за владеењето на правото и судските реформи, како и за условите во затворите и употребата на алтернативни санкции. Јоурова во текот на денов ќе одржи и дебата со студентите од Правниот факултет.
Еврокомесарот за миграција Аврамопулос, пак, утре ќе биде дел од министерскиот состанок за внатрешни работи на кој ќе се разговара за соработката во делот на миграциската политика и граничното управување помеѓу ЕУ и регионот.
Земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Северна Македонија се претставени со министрите за правда и за внатрешни работи, односно високи претставници од нивните министерства.
Во холот на Собранието денеска е најавена изјава на министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска, а предвидена е и прес-конференцијата од првиот ден на Форумот.
Форумот се одржува на годишно ниво и е дел од Стратегијата за поддршка на земјите од Западен Балкан на патот за нивно полноправно членство во Европската Унија.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228