Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан во Скопје
Судство со професионалци во кои ќе се има доверба, темелни реформи во правосудните институции, изборни реформи за слободни и фер избори, подобрување на условите во затворите на ниво што го бара Советот на Европа, како и ефикасна борба со организираниот криминал. Ова се пораките од финското претседателство со Унијата и евркомесарот за правда Вера Јоруева од првиот ден од министерски форум за правда и внатрешни работи на ЕУ и Западен Балкан кој се одржува во Скопје.
Ветингот во судството бил дел и од посебната средба на Јоурева со министерката Рената Дескоска која вели дека првото прочистување на судиите треба да дојде од самите нив.
Бриселските авторитети се интересирале и за новиот зкоан за јавно обвинителство.
Иако посочија дел од областите во кои Македонија ќе треба да работи во делот на правдата и владеењето на правото, сепак, и финската министерка за правда Хенриксен велат дека место на државите од западен Балкан е во Европската унија дури и со новата методологија што ја предлага Франција.
Утре, како дел од форумот, министрите за внатрешни работи од западен Балкан, фински и германски министри како и еврокомесарот за миграции ќе разговараат за внатрешните работи, пограничната контрола и миграциите, но и борбата со корупцијата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар