Македонија
27. July 2016 - 15:33

Министерот за животна средина во посета на Пробиштип

Министерот за животна средина Башким Амети и државниот секетар Соња Липиткова денеска беа во работна посета на Општина Пробиштип, рудникот „Злетово“ и фабриката за производство за акумумулатори „ТАБ МАК “.

Министерот Амети беше информиран за реализацијата на проектот за изградба на водоснабдителни системи во пробиштипските села Турско Рударе и Кундино, а кои финансиски ги поддржуваат со околу два милиони денари, а Општина Пробиштип од сопствениот буџет има издвоено  еден милион денари .

- Се надеваме дека проектот за село Кундино ќе заврши набрзо. Работите одат според предвидената динамика, исто така и за населеното место Турско Рудари се надеваме дека општината ќе најде и дополнителни средства за  да го дозаврши проектите, а граѓаните од двете населени места да имаат чиста вода за пиење, вели Амети.

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски изрази благодарност до Владата и Министерството за животна средина што помагаат во реализацијата на проектите значајни за развојот на градот, но и во руралните средини.

- Заеднички и јас како градоначалник и министерот и државниот секретар денеска ќе ги посетиме двата најголеми индустриски капацитети, а тоа се рудникот „Злетово“ и фабриката за акумулатори „ТАБ МАК“ да поразговараме со сопствениците околу еколошките стандарди, кои треба да ги исполнат и да направиме увид на лице место како работат, да видиме со кои проблеми се соочуваат во нивниот производствен процес, вели Тоневски.

Министерот за животна средина ја посети и старата јаловишна депонија од рудникот „Злетово“ за која се потребни средства за да се отстрани од градот Пробиштип.

Дражавниот секретар Липиткова рече дека министерот е информиран за проблемите со стартото јаловиште и се надева дека во текот на наредниот период ќе се надмине и ово проблем во Пробиштип.