Министерот за животна средина во посета на Пробиштип
Министерот за животна средина Башким Амети и државниот секетар Соња Липиткова денеска беа во работна посета на Општина Пробиштип, рудникот „Злетово“ и фабриката за производство за акумумулатори „ТАБ МАК “.
Министерот Амети беше информиран за реализацијата на проектот за изградба на водоснабдителни системи во пробиштипските села Турско Рударе и Кундино, а кои финансиски ги поддржуваат со околу два милиони денари, а Општина Пробиштип од сопствениот буџет има издвоено еден милион денари .
- Се надеваме дека проектот за село Кундино ќе заврши набрзо. Работите одат според предвидената динамика, исто така и за населеното место Турско Рудари се надеваме дека општината ќе најде и дополнителни средства за да го дозаврши проектите, а граѓаните од двете населени места да имаат чиста вода за пиење, вели Амети.
Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски изрази благодарност до Владата и Министерството за животна средина што помагаат во реализацијата на проектите значајни за развојот на градот, но и во руралните средини.
- Заеднички и јас како градоначалник и министерот и државниот секретар денеска ќе ги посетиме двата најголеми индустриски капацитети, а тоа се рудникот „Злетово“ и фабриката за акумулатори „ТАБ МАК“ да поразговараме со сопствениците околу еколошките стандарди, кои треба да ги исполнат и да направиме увид на лице место како работат, да видиме со кои проблеми се соочуваат во нивниот производствен процес, вели Тоневски.
Министерот за животна средина ја посети и старата јаловишна депонија од рудникот „Злетово“ за која се потребни средства за да се отстрани од градот Пробиштип.
Дражавниот секретар Липиткова рече дека министерот е информиран за проблемите со стартото јаловиште и се надева дека во текот на наредниот период ќе се надмине и ово проблем во Пробиштип.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право