Бизнис
9. јуни 2017 - 19:44

Mинистерот за земјоделство вети редовна исплата на субвенциите и „зелена“ нафта за земјоделците

Годинава земјоделците очекуваат катастрофален род од летното жито поради лошите временски услови кои ја зафатија земјава изминатиот период. Променливото време ја забави целокупната вегетација на културите. Бараат на сите кои ќе имаат намален принос, државата да им ги покрие вложените средства.  Минималната цена на пченицата да биде 12 денари. Кај банките да се делува за одложување на исплатата на кредитите за новата механизација. Земјоделците на прва средба со новиот министер  Николовски.

Ако и годинава откупната цена на пченицата биде пониска од 12 денари , сметаат  дека нема да им се исплати повеќе да  работат. Бараат  да се вреднува домашното производство, а не да се увезува пченица од Србија.

Николовски посочи дека  ќе ги слушне сите сугестии за да може да се донесат конкретни мерки кои понатаму ќе ги реши проблемите.

-Прво  ќе ја воведеме зелената нафта, 160 милиони евра е се обезбедат за субвенции. Од денеска отвораме интензивен дијалог со земјоделците само така ќе дојдеме до квалитетни решенија, рече Љупчо Николовски- министер за земјоделство

Посочи дека досега се исплатени 440  милоиони денари за субвенции.