-->
-->
Министерот за надворешни работи на Црна Гора утре ќе престојува во Македонија
-->
Во официјална посета на Република Македонија утре ќе престојува министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, соопшти Министерството за надворешни работи на РМ.
Покрај средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, Дармановиќ ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери и од премиерот Зоран Заев.
- Во рамките на посетата се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на билатералните односи во сферите од заемен интерес, како и за продлабочување и натамошна диверзификација на секторската соработка. Во фокусот на дискусиите ќе биде и соработката на планот на ЕУ и НАТО интеграцијата, потребата од инфраструктурно поврзување, а ќе стане збор и за регионалната соработка и заедничката европска иднина, соопшти МНР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
-
Македонија со најмал број студенти по новинарство во регионот, преку проекти се нуди решение за проблемот
-
Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка
-
Преглед на вестите од светот
-
Централна прослава за членството во НАТО
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Азески: Нема да дозволиме да не лажат политичарите
-
Мицкоски: Ќе намалуваме даноци но прецизно ќе ги наплаќаме