Министерот за надворешни работи на БиХ во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
Во рамките на посетата, министерот Црнадак ќе биде примен од претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе оствари средба и со премиерот Никола Груевски.
Покрај тоа, ќе се одржи и пленарна седница во МНР на која се очекува министрите за надворешни работи на двете земји да разменат мислења за досегашното ниво на билатерални односи и соработка, како и предлози и иницијативи за нејзино проширување во сите области од заемен интерес.
Се очекува, соговорниците да разменат мислења и за напливот на мигранти од Блискиот Исток во регионот, а ќе се разговара и за соработката во рамките на регионалните иницијативи.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота