Министерот за дијаспора се сретна со Форумот за демократска Македонија
Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми денеска оствари средба со претставниците на Форум за демократска Македонија, Емилија Тодорова и Маја Панова.
На средбата, министерот Адеми ги запознал со почетните активности, плановите за работа и за развивање на соработката со дијаспората. Адеми, како што соопшти неговиот Кабинет, истакнал дека со самото тоа што еден од министрите во Владата е задолжен за дијаспората, се покажува нејзината определба да ѝ даде на дијаспората дополнителна политичка и суштинска тежина.
Претставничките на Форумот за демократска Македонија посочиле дека нивната организација е отворена за сите македонски граѓани во странство кои имаат заеднички интереси и проблеми. Истакнале дека нивниот проглас е објавен на седум јазици и оти е готова и програмата. Нивните заложби, како што нагласиле, се во правец на демократизација на Македонија, слобода на медиумите, засилување на владеењето на правото и на човековите права, но и активности во областа на образованието, науката и културата. Претставничките на Форумот изразиле подготвеност за соработка во сфери од нивното дејствување.
Заеднички е констатирано дека треба да се изградат мостови на доверба и партнерство меѓу институциите на системот и иселениците, од кое би произлегле придобивки за државата и за сите граѓани на Македонија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација