Македонија
24. јуни 2019 - 19:08

Министерот за администрација Манчевски не е тој што треба да каже колку лица треба да брои администрацијата

Министерот Манчевски смета дека не е повикан да каже колку работници треба да има во јавниот сектор. Според него, анализата за целосна реорганизација на македонската администрација ќе покаже што треба да се промени.

Анализата треба да покаже со што се располага јавниот сектор. Дел од јавните службеници, на местата каде што има превработеност ќе бидат префрлени онаму каде што фалат работници. Дел од нив, пак, ќе бидат понудени на приватниот сектор. Токму балансот, а не бројката, е проблемот со кој се соочува македонската администрација, сметаат граѓанските организации.

Францускиот амбасадор во земјава со став - Македонија не треба да се опседнува со датум за преговори во време кога се соочува со грст проблеми, како корупцијата која, како што вели, особено е видлива во администрацијата. Грешката на отворање на преговори со земји како Србија и Црна Гора нема да се повторат, се додека не се преземат долги и тешки реформи, посебно во јавниот сектор.

Јавната администрација една од најболните точки во македонската реформска агенда. Според Владата, серијата проекти предвидени со усвоената Стратегија за реформи треба да доведе до потребната департизација и деполитизација на јавниот сектор.