Министерот Тупанчески оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал
Министерот за правда Никола Тупанчески денеска оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На средбата се разговараше за актуелните случувања во државата, текот на евроинтеграциските процеси и реформите во правосудниот систем.
Амбасадорот Вал беше запознат со активностите кои во изминатиот период ги презеде Министерството за правда, законодавната агенда, како и идните планови кои ќе треба да се реализираат со цел да се овозможи владеење на правото, соопшти Министерството за правда.
Министерот Тупанчески го информираше амбасадорот Вал за подготовката на новиот Кривичен законик и стручните расправи кои ќе се реалзираат во февруари.
Се дискутираше и за процесот на дигитализација во судството, како и за идејата за носење нов Изборен законик.
Министерот за правда Никола Тупанчески му посака на амбасадорот Килијан Вал успешно извршување на функцијата и продлабочување на меѓусебната соработка.
Ново на Сител
-
Таткото на исчезнатиот Самоил нуди парична награда за информација за неговиот син
-
Казнети 37 автобуси што вршат превоз на ученици
-
Бесими - Руе: Капиталните инвестиции се еден од клучните приоритети на Владата
-
ОН: Недостигот на вода може да стане глобален проблем
-
Полицијата вчера во Скопје казни 215 возачи - поголемиот дел од нив возеле пребрзо
-
25-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола - Кичево
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски сузбива диви продавачи на марули, а криминалци не се дел од мерките на полицијата?
-
СДСМ: Го штитиме стандардот на граѓаните, замрзнати цените на јајцата и оризот