Македонија
21. јуни 2017 - 13:00

Министерот Таравари се сретна со здрженија на пациенти

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одржа работна средба со претставници на триесетина здруженија на пациенти. На средбата стана збор за формирање координативно тело со четворица претставници од здруженијата, предложени од самите членови, кои активно ќе бидат вклучени во процесот на изготвување законски измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита, соопшти Министерството за здравство. 

Претставниците на здруженијата на пациенти ја поздравија оваа новина за нивно активно учество и претставување на интересите на здруженијата во изготвувањето нови законски решенија. 

Во овој процес ќе учествуваат и повеќе правни експерти и претставници од стручни здруженија од фелата, меѓу кои и Лекарската комора на Македонија, Македонското лекарско друштво, Стоматолошка и Фармацевтска комора, Медицински факултет и др.