Бизнис
13. September 2018 - 8:48

Министерот Сугарески во посета на општина Могила

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска ќе ја посети општина Могила, каде на средба со градоначалничката Јасмина Гулевска ќе разговара за тековните и идни проекти за развој на општината. 

Сугарески ќе ги претстави можностите што им се на располагање на општините за подобрување на комуналната инфраструктура.

Преку Светска банка се обезбедени 70 милиони евра за изградба и санација на локалните патишта. Општините ќе можат да аплицираат и за добивање финансии за проекти за изградба на водоводни и канализациски системи обезбедени преку Европската инвестициска банка. На располагање се 13 милиони евра, а дополнително ќе бидат обезбедени уште 50 милиони евра.