Министерот Сугарески се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео со кого меѓу другото разговараше за претстојниот Самит на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес што ќе се одржи на 12 јули во Трст.
На Самитот ќе биде потпишан договор за транспортна заедница меѓу земјите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора) од една страна и Европската унија од друга страна.
Министерот Сугарески го информираше италијанскиот амбасадор и за реформите што ќе се спроведуваат во наредниот период во насока на зголемување на економскиот развој на Македонија, како и за проектите што се реализираат во делот на инфраструктурата.
Сугарески изрази благодарност за досегашната поддршка што Италија и ја дава на Република Македонија и изрази уверување дека таквата соработка ќе продолжи и во иднина на повисоко ниво.
- Италија е долгогодишен партнер на Република Македонија. Изразувам благодарност за таквиот пријателски однос и се надевам дека таквата соработка ќе продолжи и во следниот период, рече Сугарески.
Двајцата соговорници, соопшти ресорното Министерство, размениле мислења и околу актуелните состојби во двете земји.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари