Министерот Спасовски во посета на Софија - специјалните единици на МВР на заедничка вежба
Среба на министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија во Софија, Спасовски и Рашков. Договорено е интензивирање на соработка мегу двете полиции за да се обезбеди мирот и стабилноста во регионот. Потврда за тоа се и првите заедничките вежби на специјалните антитерористички единици.
Договорено е двете земји во наредниот преиод ке се фокусираат насузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе и со дрога, справувањето со илегалната миграција, борбата против тероризмот што ке се регулира преку координативно тело во кое учествуваат специјализирани кадри заедно со јавни обвинители, а во план е формирање и на заеднички аналитички тела. И бугарската страна се заложи за редовни средби и контакти, но и за испракање на свои експерти од областа на внатрешни работи, како држава членка на Европската Унија.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар