Македонија
26. March 2019 - 11:49

Министерот Спасовски во посета на Романија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска престојува во работна посета на Букурешт, Романија.

Спасовски, како што информираат од МВР, во рамки на посетата ќе има официјални средби со министерката за внатрешни работи на Романија Кармен Дан, како и со  генералната директорка на СЕЛЕК Снежана Малеева.