Македонија
10. November 2017 - 14:29

Министерот Спасовски во посета на Кочани

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во посета на Кочани, каде оствари средба со градоначалникот Николчо Илијев.

- Посетата на секторите и полициските станици во Македонија ја започнувам од Кочани. Неоходна е соработка со единиците на локалната самоуправа, за да можеме заеднички да учествуваме во подобрувањето на јавната безбедност. Ставањето во функција на позорната служба е една од нашите задачи што ја бараат граѓаните – рече на средбата министерот Спасовски.

Илијев, претставувајќи ги принципите на законито и транспарентно работење во општината, истакна дел од потребите и проблемите на општината и во секојдневното живеење.

Тој ја нагласи потребата од поддршка од државниот буџет за побрзо надминување на сегашните состојби. Посебен акцент стави на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Спасовски најави стручна поддршка од Министерството во изработка на сообраќајна студија, по што ќе може да се имплементираат сообраќајни измени што ќе ја подобрат состојбата во сообраќајот.