Македонија
24. August 2017 - 10:36

Министерот Спасовски во еднодневна посета на Унгарија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски денеска во Будимпешта ќе се сретне со унгарскиот министер за внатрешни работи Сандор Пинтер.

Во рамки на еднодневната посета предвидено е македонската делегација да го посети и седиштето на Агенцијата на Европската Унија за обуки за спроведување на законот (ЦЕПОЛ).

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се очекува да биде потпишан меморандуми за соработка во областа на полициската обука со ЦЕПОЛ и со унгарското МВР.