Македонија
11. December 2017 - 8:37

Министерот Саљији во посета на Летонија

Министерот за правда Билен Саљији во рамки на дводневна работна посета на Летонија денеска со летонскиот министер за правда Џинтарс Раснач ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу министерствата за правда на двете држави.

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, Саљији ќе се сретне со директорот за Управата за затвори на Република Летонија и ќе го посети Центарот за зависности при затворот Олаине.

Министерот Саљији утре ќе се сретне со раководителот на државната служба за пробација на Република Летонија, Михаилс Папсујевич, како и со директорот на Судската управа, Едвинс Балшевич.