Македонија
8. March 2018 - 17:29

Министерот Поповски ја осудува заканата врз претседателот на ЗНМ, Селмани

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ја осудува заканата врз претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.
 
- Најостро го осудуваме секој обид за напад или закана врз новинарите. Ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат случајот во врска со пријавата за закана врз претседателот на ЗНМ, Насер Селмани. Потенцираме дека Владата на Република Македонија е цврсто определена кон почитување на слободата на изразување, професионално и објективно работење на новинарите, без политичко влијание или какви било притисоци, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот Поповски