Македонија
8. December 2015 - 8:39

Министерот Попоски во работна посета на Норвешка

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Норвешка.

Покрај разговорите со својот домаќин, норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде, Попоски ќе оствари средба и со министерот за одбрана Ине Ериксен Сореиде.

Како што соопшти МНР, се очекува за време на средбите да бидат разменети мислења за натамошниот развој на билатералните односи, за поддршката од Кралството Норвешка на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и за актуелни прашања од меѓународната агенда.

Во Осло министерот Попоски ќе оствари средби и со претставници на Комисијата за надворешна политика и одбрана на норвешкиот Парламент.