Министерот Османи на средби со највисокото раководство на Република Косово
Актуелните состојби во регионот, прашањата значајни за продлабочување на билатералните односи, идните проекти и приоритети кои ќе бидат тема и на следната заедничка владина седница, како и перспективите за соработка вообласти од заемен интерес, посебно во економијата и трговската размена, ќе бидат во фокусот на денешната официјална посета на министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Република Косово.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи, Османи, освен со својот домаќин, министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Грвала Шварц, ќе се сретне и со други високи претставници на државата, претседателот на Република Косово, Вјоса Османи, претседателот на Парламентот, Глаук Коњуфца, како и претседателот на Владата, Албин Курти.
Се очекува да бидат разменети мислења во врска со регионалната соработка, безбедносните прашања, современите предизвици и перспективите на земјите од регионот од интерес за нивната интеграција во европските и евро-атлантските структури.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори