Министерот Николовски се сретна со словенечкиот колега Жидан
Актуелните активности кои се од голема важност за македонското земјоделство како ЛИДЕР Програмата, формирањето локални акциски групи и јакнење на капацитетите на македонската Платежна агенција, беа во фокусот на денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со словенечкиот министер за земјоделство Дејан Жидан и директорот на словенечката Платежна агенција Бенедикт Јаренко во Љубљана.
Средбата беше во рамки на посетата на македонската владина делегација на Словенија, а на неа присустваше и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.
Министерот Жидан и директорот Јаренко ја повторија нивната заложба за експертска и техничка помош во делот на зајакнување на советодавната служба на македонската Платежна агенција.
Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), по завршување на Твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот равој и подготовка на Агенцијата за програмскиот период 2014-2020“, платежните агенции од двете земји воспоставија директна комуникација и веќе се договараат за идните чекори. Искористувањето на ИПАРД средствата е еден од највискоите приоритети на Владата на Република Македонија и поддршката во оваа насока е многу потребна и важна во идниот период,
Двајцата министри на средбата ги договорија и активностите во делот на организирањето на меѓународниот саем за земјоделство и храна „Агра 2018“, што ќе се одржи следната година во Горна Радгона, Словенија, на кој Македонија ќе биде земја партнер.
- Македонија како земја-партнер ќе има можност да се претстави од повеќе аспекти. Покрај централното место што ќе го заземат земјоделството и македонските земјоделско преранбени производи, ќе ја претставиме и својата економија, можностите за инвестирање и развој на бизниси, традицијата, културните особености и својата привлечност и предности како туристичка дестинација. Паралено со претставувањето на земјата, планирани се бизнис средби меѓу стопанствениците на двете земји, во функција на продлабочување на соработката првенствено со Словенија, но и соседните земји од регионот заради регионалниот карактер на саемот АГРА, соопшти МЗШВ.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари