Македонија
14. јуни 2017 - 17:28

Министерот Манчевски се сретна со израелскиот амбасадор Оријан

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се сретна со израелскиот амбасадор во Македонија Дан Оријан при што ги претставил плановите и проектите на Министерството за реформи на јавната администрација.

Двете страни изразија подотвеност за споделување искуства и добри практики на Израел во областа на информатичката технологија, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

Министерот Манчевски и амбасадорот Оријан, се вели во соопштението, се согласија дека постои простор за идна билатерална соработка.