Македонија
28. јуни 2016 - 17:58

Министерот Кучи се сретна со директорот на УСАИД, Стајн

Досегашната успешна соработка што УСАИД ја има со Министерството за економија беше тема на разговор на денешната работна средба меѓу министерот за економија Дритон Кучи и директорот на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн, што се одржа на барање на Стајн.

Министерот Кучи, информираат од неговиот кабинет, ја потврди својата безрезервна поддршка за продолжување на соработката во иднина, и му се заблагодари на директорот Стајн за поддршката што Владата на САД и пријателскиот американски народ ја даваат на Министерството за економија и на нашата земја од 1991 година.

Кучи и Стајн се согласија досегашната успешна соработка меѓу Министерството за економија и УСАИД да продолжи со реализација на повеќе проекти во корист на компаниите и граѓаните во областа на енергетиката, туризмот, и олеснување на трговијата.

За време на средбата, министерот Кучи ја искористи можноста да му го честита на Стајн националниот празник 4 јули, 240-годишнината од независноста на САД.