Македонија
1. August 2016 - 17:03

Министерот Јолевски со честитка по повод празникот Илинден

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на сите припадници на Армијата на Република Македонија, вработените во Министерството за одбрана и граѓаните на Република Македонија им го честита големиот празник „2 Август – Илинден“.

- Илинден претставува симбол на нашиот непокор, нашата желба и одлучност да живееме слободно, независно и во мир, со себе и со нашите соседи. На овој ден ние ги славиме храбрите Илинденци и сето она што тие го жртвувале за нашата татковина. Ги славиме и мудрите и пожртвувани припадници на Народноослободителната војска кои ги удрија темелите на модерна Македонија“, истакнува министерот во честитката.

Во честитката Јолевски нагласува дека припадниците на Армијата на Република Македонија, водени и мотивирани од идеалите на нивните предци, секојдневно даваат придонес кон независноста и сувереноста на Република Македонија.