-->
-->
Министерот Јолевски со честитка по повод Денот на народното востание
-->
Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, упати честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија, вработените во Министерството и до сите граѓани на Македонија по повод големиот празник – 11. Октомври – Денот на народното востание.
- Столбот на државноста, гарантот на независноста на Република Македонија своите корени ги влече токму од идеите за слободна Македонија, идеите за победа над тиранијата на фашистичкиот окупатор. Токму затоа, овој голем празник, денот кога пукнаа првите пушки во Прилеп и Куманово и Македонија застана на страната на правдата е многу значаен за нас. Секој припадник на Армијата во овие храбри патриоти, кои во себе ја носеле жарта на слободата на татковината, ги пронаоѓа своите идеали. Тоа се идеалите кои нè водат во нашата постојана задача – независна и суверена Македонија со безбедни и среќни граѓани, посочува во честитката министерот Јолевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата