Македонија
31. October 2015 - 8:41

Министерот Изаири во Тетово

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска ќе направи увид во тековните активности за изградба на новиот водоснабдителен систем во Тетово.

Станува збор за 8,5-километарски довод од собирната комора „Лешница” до „Студена Река”.  

Министерот Изаири ќе биде придружуван од градоначалничката Теута Арифи.