Македонија
7. October 2015 - 9:30

Министерот Изаири на регионален форум за градежни дозволи

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ќе присуствува на првиот меѓународен форум за реформа на системот за издавање на градежни дозволи во Југоисточна Европа што ќе се одржи во Белград.

На форумот насловен како „Реформа на градежни дозволи за поконкурентни региони“, министерот Изаири ќе се обрати на панел на кој ќе се дебатира за воведувањето на електронски системи за издавање на градежни дозволи.