Министерот Исмаили учестуваше на 8. Меѓународен културен форум во Санкт Петербург
Министерот за култура Хусни Исмаили во рамките на работната посета на Руската Федерација, вчера присуствуваше на свеченото затворање на 8. Меѓународен културен форум, кој од 14 до 16 ноември се одржа во Санкт Петербург.
Министерот Исмаили како дел од своето учество на Форумот, имаше обраќање на панел-дискусијата „Националните медиуми – телевизиите во словенските држави“, која се одржа во организација на Форумот на словенските култури кој годинава одбележува 15 години од своето основање. Исто така, министерот за култура пред присутните гости реферираше и на темата „Културните рути на словенскиот свет на мапата на Европа“.
Претходно, Исмаили одржа и работна средба со својот колега, министерот за култура на Руската Федерација, Владимир Медински, на која се разговараше за досегашната успешна соработка во делот на културата меѓу двете земји, но и за идните активности преку кои ќе се продлабочи пријателството помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација.
Санктпетербуршкиот културен форум претставува глобален културен настан на кој учествуваат илјадници експерти од сите области на културата од целиот свет, кои годинава дискутираа на тема „Културните кодови во светот на глобализацијата“.
Домаќини на настанот беа Владата на Руската Федерација, Министерството за култура на Руската Федерација и Владата на Санкт Петербург.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар