Македонија
8. April 2019 - 11:41

Министерот Филипче во работна посета на општина Тетово

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе биде во работна посета на општина Тетово.

Како што соопшти Министерството за здравство, министерот Филипче ќе се обрати пред студентите по медицина на Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово, по повод 07 април-Светски ден на здравјето, а ќе го посети и Здравствениот дом во Тетово.