Македонија
17. October 2016 - 17:16

Министерот Џафери на Светски конгрес за правда

Министерот за правда Валдет Џафери од денеска до 19 октомври учествува на Светскиот  конгрес за правда кој се одржува во Истанбул.

Oбраќање пред учесниците на конгресот министерот Џафери  ќе има во текот на утрешниот ден кога ќе зборува во однос на  меѓународната правна соработка, како и за алтернативното решение  и правните спорови, соопшти Министерството за правда.

Ова е еден од најголемите Светски конгреси за правда каде учествуваат претставници од педесетина држави од светот. Повеќето од делегациите се претставени на министерско ниво, на ниво на претседатели на врховни  судови, државни обвинители, директори на институции за обука на судии и јавни обвинители и други.

За време на конгресот министерот Џафери ќе оствари неколку билатерални средби.