Македонија
6. September 2016 - 12:49

Министерот Џафери и британскиот амбасадор Гарет потпишаа меморандум за соработка

Министерот за правда Валдет Џафери и амбасадорот на Обединетото Кралство Чарлс Гарет денеска во името на владите на двете земји потпишаа меморандум за соработка во областа на правосудството.

Проектот, информира министерот Џафери, има за цел да воспостави алатки и методи кои ќе го поддржат македонскиот правосуден систем во насока на зголемување на неговата независност и зголемување на довербата на јавноста во правосудството.

Тој нагласи дека воспоставување и имплементација на матрица на индикатори за правосудството, зголемени капацитети на судиите во униформирана примена на правото преку употреба на судската пракса и зголемена свест на економската вредност на правдата во судството и јавноста, се трите компоненти на проектот, важни во рамки на реформите во правосудството.

- Значаен дел од меморандумот е посветен и на унапредувањето на системот на судската пракса. Досега преку Амбасадата на Велика Британија реализиравме проекти поврзани со судската пракса имајќи ги предвид карактеристиките на британскиот судски систем, нивните правни традиции и култура, рече министерот Џафери.

Посочувајќи дека судскиот систем и пристапот до правдата се актуелни теми во Македонија веќе неколку години, амбасадорот Гарет нагласи оти една клучна лекција од политичката криза, која се одрази и во идните реформски приоритети, рече, е потребата за подобар судски систем за сите. Ова подразбира, потенцира, подобрен капацитет на судиите, подобрени перформански на судскиот систем, зголемена доверба во судството од страна на јавноста, зголемена независност и подобар пристап до правда за сите граѓани.

- Доколку работите во рами на судскиот систем, ова ќе биде можност да дадете личен придонес во зајакнвуањето на клучните принципи како доследност, кохерентност, правна извесност, предвидливост и транспарентност. Секој во земјата има интерес ако имаме посилен судски систем затоа што тоа е од суштинско значење за градењето силна демократија, правдено општество и растечка економија. Посилен судски систем значи посилна Македонија, порача британскиот амбасадот Герет.

Според него, судството е камел-темелник на која било демократија, а судксиот систем во кој јавноста може да верува и кој обезбедува отчетност кога се прекршени законите и работи во интерес на сите луѓе, е од клучно значење за развој на демократијата, како и основа на силна економија.

- Сите бизниси без разлика дали се мали или големи, локални или странски имаат потреба од судски систем во кој можат да веруваат и кој ќе им испорача фер и независни одлуки. Овој проект ќе помогне да се оствари токму тоа, потенцира Герет, додавајќи оти Велика Британија е долгогодишен партнер на Македонија во реформската програма во изминатите две децении, во различни области, но судството, човековите права и демократијата отсекогаш биле во фокуст на работењето.

Министерот за правда Валдет Џафери одговарајќи на новинарско прашање потврди дека до Министерството за правда е доставен допис од Државната изборна комисија во врска со бројот на избирачи во 6-та изборна единица. Не одговори на прашањето за штрајкот на судската администрација и нагласи дека одговорот од Министерството за правда останува ист.