Македонија
21. јуни 2017 - 17:22

Министерот Дураки се сретна со швајцарската амбасадорка Тејада

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска се сретна со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија Сибил Сутер Тејада.

На средбата, како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, се размениле информации за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина и се разговарало за можностите за продлабочување на соработката. 

- Акцент беше ставен на заедничките програми за заштита на природата и водите, кои изминативе години успешно се реализираа и донесоа видливи резултати, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.