Министерот Бектеши на Генерално собрание на UNWTO во Кина
Министерот за економија Крешник Бектеши учествува на 22-то Генерално собрание на Светската туристичка организација (UNWTO), што се одржува во Ченгду, Кина.
Бектеши, како што информираат од неговиот кабинет, во рамките на годишното Генералено собрание на UNWTO на кое присуствувале 70 министри одговорни за туризам од целиот свет, учествувал во гласањето за нов генерален секретар и нов управувачки одбор на организацијата која управува со туризмот на глобално ниво.
Во рамки на Годишното собрание, министерот Бектеши се состанал со повеќе колеги од регионот и светот, со кои дискутирале за правците на развој на туризмот на глобално ниво, за новите трендови и за подобрувањето на туристичките услуги, притоа претставувајќи ја туристичката понуда на Македонија, можностите за соработка во поглед на зголемување на бројот на туристи, преку разните поволни понуди.
Светската туристичка организација (UNWTO) е агенција на Обединетите нации одговорна за промовирање на одговорен, одржлив и инклузивен туризам. Како главна меѓународна организација во областа на туризмот, таа го промовира туризмот како катализатор за економски раст, инклузивен развој и одржливост на животната средина, обезбедува водство и поддршка на туристичкиот сектор во однос на унапредување на знаењата и туристичките политики ширум светот.
Генералното собрание на UNWTO, кое се состанува на секои две години, за усвојување на буџетот и работната програма, дебатира за витални теми за туристичкиот сектор, додека пак секои четири години избира нов генерален секретар.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај