Министерот Адеми во работна посета на Малта
Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми од денеска до 13 февруари ќе престојува во работна посета на Република Малта.
За време на посетата, министерот Адеми ќе оствари средби со претставниците на македонската дијаспора во Малта, при што ќе учествува во настанот за отворање на Македонскиот културен информативен центар во Валета.
Покрај средбите со дијаспората, министерот Адеми ќе оствари билатерални средби и со министерот за надворешни работи на Малта, Кармело Абела, министерот за правда, култура и локална самоуправа, Овен Боничи и со министерот за образование и вработување, Еварист Бартоло.
Фокусот на средбите со малтешките соговорници, ќе биде ставен на можностите за рамковно регулирање на престојот на дијаспората на Малта, нивното реорганизирање, можности за иницирање на договори за социјално осигурување, престој, издавање на лична документација и други прашања согласно малтешкото и европското законодавство.
Воедно, на средбите со министрите ќе стане збор за повеќе прашања од заемен интерес и тоа пред се за унапредување на севкупната билатерална соработка, со акцент на регулирање договорната рамка меѓу двете земји, иницијативи за меѓуресорна соработка, динамизирање на политичките консултации и организирање обострани посети на највисоко ниво.
Меѓу останатото, ќе стане збор и за активностите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ, како и размена на мислења за регионалната соработка и други прашања од меѓународен интерес.
Ново на Сител
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот