Македонија
7. July 2016 - 17:11

Министерката за култура во посета на Струмица

Започна обновата на фасадите во старата струмичка чаршија. После зградата на архивот чија фасада беше комплетно обновена, некогашниот изглед ќе го добијат и два објекти со староградска архитектура сместени во старата чаршија во Струмица.  Проектот се реализира во рамки на програмата за финансирање на проекти од национален интерес во културата и во согласност со акциониот план на владата за санација на фасади од староградска  архитектура.  За текот на активностите околу овој,  но и на неколку други проекти кои се реализираат  на терен се инфоррмираше и министерката за култура која беше во  работна посета на Струмица.

-Верувам дека за сите граѓани на Струмица,  за струмичани од огромна важност е оваа стара чаршија да се обнови, тие фасади кои што се автентични во ова старо градско јадро го добијат својот автентичен изглед, се реконстуираат и повторно да се врати нивниот архитектонски сјај.Тоа го ветивме дека како еден голем проект ќе започнеме да го реализираме и институцијата веднаш пристапи кон реализација. Се изработија двата проекти, се добија конзерваторски одобренија, се избраа изведувачи и веќе интензивно работат на првите две фасади во старата чаршија кои се планираат до крајот на јули да бидат завршени, така да од август ќе имаме можност да ги промовираме овие две фасади, а потоа ќе се продолжи кон обнова на останатите фасади во старата чаршија која што е еден многу значаен дел за Струмица, рече Елизабета Канческа Милевска – министер за култура

Министерката за култура информираше дека наскоро туристичката понуда на Струмица ќе биде збогатена и со обновената и осовремена постојана поставка на Завод и музеј Струмица во која се изложени неколку стотици предмети од археолошки историски и етнолошки карактер.

-Музејската поставка ќе биде целосно обновена. Веќе еден дел е и завршен. Можевме да видиме и дел од новите витрини кои што се набавени. Тука ќе имаме цела нова музејска поставка која што ќе опфати и историја и археологија и етнологија. Така да при влезот на новата музејска поставка  ќе има и сувенирница, портирница сувенирница , а на горниот дел ќе има и посебен дел за едукативно катче и потоа ќе се влезе во археолошката поставка, историската и етнолошката, рече министерката Канческа Милевска