Македонија
26. February 2021 - 16:58

Министерката за култура внесе нови проблеми во владеачкото мнозинство

Од владејчката БЕСА јавно проговорија за проблеми со министерката за култура од редовите на коалициската СДСМ затоа што не одобрила одредени проекти и ако тие не се решат тоа може да влијае на колицијата. Засега, нивната поддршка на Владата останува.

Претходно, и ЛДП и Демократски сојуз отстапија од пратеничката група на СДСМ сепак останувајќи во владината коалиција, no најавија можен самостоен настап на локалните избори.

Во меѓувреме, од СДСМ не сакаат да ги коментираат случувањата кај интегративците и покрај тоа што спикерот Џафери вчера не негираше дека кворумот во парламентот напати зависел и од пратеници на ДУИ.

„Тоа што можам да кажам и да тврдам од сите информации што ги имам како координатор е дека владејачкото мнозинството е стабилно и во ниеден момент не се доведува во прашање поддршката на Владата“, вели координаторот на СДСМ Митрески.

Од ДУИ официјално остануваат на ставот дека и мнозинството и пратеничката група се единствени и ја поддржуваат Владата.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквите случувања се доказ дека власта не ужива доверба.

Од СДСМ возвраќаат дека проблемите во мнозинството се спин на опозицијата и дека таа има шанса да покрене прашање за доверба на Владата во парламентрот во секој момент.