Македонија
5. August 2022 - 16:39

Министерката за култура бара да се расположи народот, уметниците прашуваат дали почна цензурата

Секој кој ќе тргне во обид да создава дела кои се поврзани со македонската историја, ама спротивно на пропишаното во билатерланиот протокол ќе се најде под лупа на македонските институции поради говор на омраза. Министерката за култура Бисера Костадиновска во изјава за Гласот на Америка, дава насоки како да творат уметниците да за да го расположат народот, а да се спречел говор на омраза.

„Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња кадешто навистина не видовме ништо добро“, посочува министерката за култура.

По изјавата и бројните реакции министерката преку соопштение се дообјаснува, немала намера да да ограничува или насочува.

Сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања. Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е, вели Костадиновска Стојчевска.

Ваквиот став на министерката ја зовре јавноста. Поранешниот пратеник Илија Димовски предупредува дека по историската цензура, со билатералниот протокол на Македонија сега и се наметнува и култуна цензура. Категоричен е дека влегуваме во еден опасен период во кој граѓаните допрва ќе видат какви штетни последици носи протоколот со Бугарија.

Остро реагира и новинарот Атанас Кировски кој во објава на фејсбук вели дека ваквиот став на министерката во најмала рака е самопонижувачки и неуставно

Најдобро е да се пишуваат само комедии. Тие најмногу ја орасположуваат публиката. Дистопии никако. Не дај боже нешто да има врска со историска епоха. Па треба да се гледа кон светлата иднина а не „кон мрачното минато“. Според овие инструкции македонската кинематографија ќе го немаше „Црно семе“ .Да не речам 90 % од филмовите. И ова си го дозволува да го каже министерка за култура, пишува Кировски.

Дека цензурата и секој обид за ограничување на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата е спротивно на чл.16 од Уставот на Македонија.

Со ставањето на потпис на билатералниот протокол македонската влада се согласи да бидат преземни мерки против секој вид на говор на омраза во написи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор.