Бизнис
8. October 2019 - 16:41

Министерката за финансии најавува борба со сивата економија во интернет тргувањето

Ќе се сузбива сивата економија и во електронското тргување и тргувањето кај нерегистрираните дејности, Даночни затајувачи нема само на пазарот на труд, вели министерката за финансии. Веќе се подготвуваат измени во проектот Мој ДДВ,  каде фокус ќе биде да се опфатат неплаќачите, кои,  според анализите изнесуваат  од 20 до 40% од БДП.

– Кога зборуваме  за сива економија треба да знаеме дека и граѓаните и бизнисот треба да  почувствуваат дека функционираат во праведен систем каде што гледаат дека сите си ги плаќаат давачките. Не може да очекуваме  кога ќе се зголемат даноци или ќе се воведе што било граѓаните да го дочекаат тоа со раширени раце ако  гледаат  дека некој друг не ги плаќа давачките.  Фокусот тука ќе биде да се внесат во системот оние коишто се во сивата економија, изјави Ниан Ангеловска, министер за финансии.

Токму сузбивање на сивата економија е едно од барањата на бизнис заедницата. Бараат сите да плаќат даноци, како и воведување даночен календар,каде минимум 6 месеци бизнисот ќе знае кои законски измени се подготвуваат. Бизнис заедницата позитивно гледа на предлогот административците кои се непотребни во државниот да заминат во приватниот сектор.

Нас ни недостасува кадар, ние кубуриме со работници, ако имаат желба да се преквалификуваат, би ги прифатиле сите, изјави Бранко Азески, претседател на Стоспнакат Комора.

Иако Азески се согласува со предлогот за одложување на примената на оданочување на капитални добивки, министерската Анеговска лично  смета дека треба да се плаќа данок на заштедите во банка и на добивките од тргувањето со хартии од вредност. Но, по барање на засегнатите за одлање на примената, вели  дека конечен став ќе се донесе по согледување на ефектите врз  буџетот. Анализи и одлука за тоа, најевројно ќе има оваа недела.