Министерката за финансии до детали ја знаела состојбата во Еуростандард банката
На сметките на министерката за финансии Нина Ангелoвска во пропаднатата ЕУРОСТАНДАРД банка има нешто над 8.300 евра. Поголем дел од нив се на денарската сметка, а 534 евра се девизен депозит. Ова е запишано во анкетниот лист за имотната состојба на Ангеловска кој во моментов стои на веб страницата на Антикорупциска комисија.
Но, во првиот имотен лист кој го доставила по преземањето на функцијата, лани во септември, салдото било многу подебело. Тогаш Ангеловска располагала со девизен депозит од 51.233 евра, и денарски влод од над 12 милиони денари или 198.000 евра.
Имала ли Ангеловска информации за состојбата во банката, испитува Антикорупциската комисија. Деталите гледајте ги во анализата на Сител во вестите во 21 часот.
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Ново на Сител
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД