Македонија
18. April 2021 - 8:37

Министерката Стефоска во посета на културно-историски споменици во Битола

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска по повод Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите ќе престојува во Битола каде ќе посети неколку значајни културно-историски споменици.

Стефоска ќе го посети и Ислахането, училиштето за занаети и уметности од османлискиот период. Станува збор за објект стар 120 години, единствен од овој вид зачуван во земјава.