Македонија
8. October 2019 - 9:03

Министерката Шекеринска во официјална посета на Романија

 Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска престојува во официјална посета на Романија. Во Букурешт, Шекеринска ќе се сретне со нејзиниот романски колега, министерот за национална одбрана Габриел Бениамин Леш, по што средба ќе имаат и двете делегации, соопшти Министерството за одбрана.

Во рамки на посетата, вчера министерката Шекеринска имаше работна вечера со премиерката на Романија, Виорика Данчила.