Македонија
29. јуни 2017 - 9:38

Министерката Шекеринска во Брисел на состанок на Северноатлантскиот совет

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет заедно со 39 министри за одбрана на земји-членки на НАТО и земји кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“.

Како што соопшти Министерството за одбрана, во фокусот на дискусијата ќе биде безбедносната состојба во Авганистан и иднината на мисијата „Одлучна поддршка“, во согласност со одлуката на шефовите на држави и влади на земјите-членки на НАТО од 25 мај, мисијата „Одлучна поддршка“ да продолжи и по 2018 година.

Македонија учествува во мисијата „Одлучна поддршка“ од 2015 година. Во моментов, Македонија во оваа мисија има распоредено 39 лица воен персонал.