Македонија
23. јуни 2017 - 17:57

Министерката Дескоска се сретна со амбасадорот на САД Бејли

Министерката за образование и наука (МОН) Рената Дескоска денеска имаше средба со амбасадорот на САД Џес Бејли, на која присуствуваа и претставници на УСАИД и Мировниот корпус. 

На средбата, како што се наведува во соопштението, Дескоска ги истакнала приоритетите на МОН односно финализирање на Стратегијата за образование, измените и дополнувањата на Законот за високото образование и поддршката на децата со посебни образовани потреби.

Дескоска, исто така го запознала амбасадорот Бејли за најавената ревизија на учебниците за основно и средно образование, како и измените на Законите за основно и средно образование. 

Министерката му се заблагодарила на Бејли за долгогодишната поддршка и помош на американскиот народ, преку разни проекти во Република Македонија, како и за стручната помош која ја добиваат сите лица вклучени во воспитно-образовната дејност во земјава