Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил принуден да ги напушти САД откако се обидел под лажен идентитет да присуствува на донаторска вечера на Републиканскиот национален комитет. Според Хелез, Вучиќ, кој го најавувал своето патување како можност за средба со американскиот претседател Доналд Трамп, бил „осрамотен“ и веднаш вратен во Србија.
– Вучиќ беше подготвен да плати огромна сума за да се сретне со Трамп, но наместо тоа, ги бакна вратите на неговата резиденција во Флорида, рече Хелез. Вели дека и нему би му се слошило доколку го „исфрлиле и избркале“ од САД, како што било случај со српскиот претседател. Хелез истакна дека стотици илјади граѓани на Србија протестираат против Вучиќ, барајќи негова оставка, што покажува дека тој нема поддршка ниту во својата земја.
Хелез, кој неодамна беше во официјална посета на САД и имаше средби во Пентагон, рече дека неговите посети резултирале со продлабочување на соработката и поддршка за суверенитетот на БиХ. Тој го обвини Вучиќ дека планирал да шири лаги за наводна вмешаност на Бошњаците во терористички напад во Њујорк, но не успеал да го реализира планот.
„Она што Вучиќ го режираше во врска со неговата посета на САД може да го направи само ментално растроена личност. И она малку кредибилитет и углед што го имаше во меѓународните кругови, ако воопшто го имаше, Вучиќ го изгуби. Светот повторно виде со каков манипулатор има работа. Во такви околности, Вучиќ се сврте кон она што најдобро го знае, а тоа е да лаже и манипулира со јавноста во Србија и регионот. Сепак, не можете да ги лажете сите луѓе цело време. Дебаклот на Вучиќ од неговата посета на САД е предмет на исмејување во Србија и во регионот, а наскоро и во целиот свет, тврди Хелез.
Слична информација претходно објави и српскиот опозициски политичар Ѓорѓе Микетиќ, кој тврди дека Вучиќ се регистрирал под лажно име, преку здружението на камионџии, и купил место на вечерата на донаторите, што е нелегално и било откриено.
Ново на Сител
-
Усвоени измени на Законот за царинска тарифа, се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД
-
Биди кокиче на новиот живот | Дора Попова | Sitel Podcast 099
-
70-ти роденден на Кисела Вода и Културно лето: “Се на свое место”
-
Две девојки повредени при сообраќајна незгода
-
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Жеден еж спасен по пожар во Грција
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули