Фудбал
19. March 2017 - 19:54

Минимални победи на Баерн и Шалке

Со двата натпревари одиграни попладнево комплетирано е 25.коло во фудбалското првенство на Германија, однос Бундес лигата. 
 
И на двете средби минимални победи со 1-0 остварија гостинските екипи. 
 
Лидерот на табелата Баерн Минхен победи на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, додека Шалке се радуваше на триумф кај Мајн. 
 
На претходно одиграните натпревари, беа постигнати овие резултати: Борусија Дортмунд – Инголштат 1-0, Аугсбург - Фрајбург 1-1, Келн – Херта 4-2, Хофенхајм - Баер Леверкузен 1-0, Вердер - Лајпциг 3-0, Волфсбург – Дармштат 1-0 и Ајнтрахт – Хамбургер 0-0.
 
Табела: Баерн Минхен 62 бодови, Лајпциг 49, Борусија Дортмунд 46, Хофенхајм 45, Херта 40, Келн 37, Ајнтрахт 35,...